Реклама
Македонија

Стратешко партнерство со Oбединетото Kралство – Придобивки на економски и безбедносен план

Модернизација на македонските воружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите, зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модернизација на македонските воружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите, зголемување на безбедноста на границите и засилена борба против трговијата со луѓе и шверцот, најсилна економска соработка меѓу двете Влади, вклучително и во капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството и енергетиката  – ова се само дел од придобивките за Македонија од новото стратешко партнерство со Велика Британија кое ќе донесе инвестициски циклус од 6 милијарди евра. Договорот ќе ја засили соработката и во образованието, дигиталната трансформација, иновациите, а ќе ги поврзува и младите од двете држави. Премиерт Христијан Мицкоски, вели со овој документ се испраќа силна порака дека интересите на граѓаните се најважни а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности а не поделби.

  • Зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани? Тој ќе биде основата и фундаментот на еден инвестициски циклус кој што ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарди евра. Дел од овие пари ќе бидат упоребени во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија. Инвестиции во здраството и нови болници. Завршување на проектот на Клиничката болница во Штип заедно со зградата на новиот медицински факултет, студенски дом. Изградба на болницата во Кичево заедно со здраствен дом, реконструкција на Клиничката болница во Тетово и т.н“ појасни премиерот Мицкоски.

Прмиерот е уверен дека новото стратешко партнерство ќе донесе раст на Бруто-домашниот производ на државата, а не на јавниот долг. Вели дека не станува збор за позајмување пари за тековни трошења или социјални трансфери, туку за капитални инвестиции со огромно значење за граѓаните, со најповолни услови на пазарот.

  • „Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блоску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено“, рече Мицкоски.

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите на медиумите дека со потпишувањето на стратешкото партнерство Маскедонија ќе прифаќа мигранти и баратели на азил.

Реклама
  • Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, Има многу шпекулации во британските медиуми. Овој договор предвидува соработка во сузбивањето со мигрантските групи овде и во регионот, соработка на полициите, споделување на доверливи информации. Суштината на договорот е економијата“, објасни амбасадорот.

Амбасадорот Лосон најави и дека во рамки на преговорите ќе се отвори и прашањето за визите кои според него, претставуваат „главоболка“ за британските бизниси и за македонските граѓани.

Договорот за стретешко партнерство ќе се потпише идната недела во Лондон.