Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

Во рамките на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.

– Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна – велат од Министерството.

Jarrod Agen, додаваат, е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавањето на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

Реклама

– На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес – се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска ја истакнала подготвеноста на Македонија за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.

Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, истакнал дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што може да го променат енергетскиот пејзаж во регионот со децении.

Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти што ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Од Министерството велат дека оваа средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како дел од високата владина делегација на втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде што се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни области: енергетика, економија, безбедност и технологија.