Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

НАГРАДА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ – АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ (UNCTAD), ЗА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МКЕДОНИЈА

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

Признанието беше добиено на свечената церемонија во Женева, а во процесот на селекција учествуваа организации и институции од различни региони во светот. Со ова признание, пристапот на Стопанската комора е препознаен на меѓународно ниво како практичен модел што ги поврзува политиките, градењето капацитети и конкретните деловни решенија со глобалната агенда за одржлив развој.

Иницијативата „Унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост преку развој на политики, градење капацитети и практични деловни решенија: искуството на Стопанската комора“, им помага на компаниите да преминат од поединечни активности кон систематско мерење, следење и известување за нивните резултати за одржливоста.

Реклама

Пристапот на Комората ги обединува Онлајн Водичот за декарбонизација, Водичот за CBAM „чекор по чекор“, Центарот за циркуларна економија и програмите за ESG и известување за одржливоста. Преку практични методологии и секторски насоки, компаниите добиваат поддршка за мерење на емисиите, поставување цели, подготовка на патокази за декарбонизација и известување за одржливоста.

„Зелената трансформација не е далечна цел – таа е можност за компаниите денес. Затоа го основавме Центарот за циркуларна економија и го изработивме Водичот за декарбонизација, со цел да им помогнеме на компаниите полесно да се движат низ процесот на зелената транзиција“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Седиштето на  UNCTAD – Агенцијата за развој на Обединети Нации во Женева

Досега, преку активностите на Комората се поддржани повеќе од 180 компании, од кои над 35 компании добиле директна стручна поддршка за подготовка на извештаи за одржливост и патокази за декарбонизација. Во специјализираните обуки учествувале над 850 претставници на деловната заедница, а активностите придонеле кон реализација на над 18 милиони евра зелени и инвестиции во циркуларната економија.Истражувањата покажуваат и раст од над 60 проценти во свеста, разбирањето и подготвеноста на компаниите за зелената транзиција и поврзаните барања за известување.

Со оваа иницијатива, Стопанската комора создава практична инфраструктура за одржливост – од знаење и градење капацитети, преку алатки и методологии, до мерење, податоци и известување. Целта е компаниите не само да ги разберат новите барања, туку да можат да ги претворат во конкретни деловни одлуки, подобро управување со ризиците и нови можности за инвестиции и конкурентност.

Стопанската комора ќе продолжи да ги развива практичните алатки, обуките, менторската поддршка и регионалната соработка, со цел компаниите полесно да ја претворат одржливоста во мерливи резултати, подобра конкурентност и долгорочна деловна вредност, посочи претседателот Азески.долгорочна деловна вредност, посочи претседателот Азески.