Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

„Стоп за Усје“ бараат Цементара да работи според еколошка дозвола која тие ја доставија до Министерството за животна средина

Со маратон од Усје до Министерството за животна средина, граѓаните од иницијативата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со маратон од Усје до Министерството за животна средина, граѓаните од иницијативата „Стоп за Усје“ ја доставија својата А интегрирана дозвола според кој очекуваат да работи Титан Усје во следните неколку години. Дозволата е подготвена од страна на граѓаните, екоактивисти и експерти, а ги следи сите европски стандарди и препораки на СЗО за намалување на загадувањето. Целта според нив е фабриката да работи како еколошка цементара и да не го загрозува здравјето на децата и граѓаните.

„Одговорноста за тоа каков воздух ќе дишеме во наредните 7 години е во рацете на Министерството за животна средина и просторно планирање. Симболиката на поднесување на оваа дозвола е што денес екоактивистите и спортистите истрчаа од Усје до министерството со цел јасно да го искажат нашето барање , а тоа е – Сакаме да дишеме чист воздух секој ден! Одговорноста е кај министерството да избере дали ќе застане од страната на граѓаните и децата или од страната на профитот на Титан Усје.“– вели Стефанија Змијанац од иницијативата „Стоп за Усје“.

Оваа дозвола од граѓаните следи по барањето на Цементара за продолжување на истеченате дозвола, кој ја доставиле до Министерството на 11 март. Од фабриката велат дека веќе работат согласно Европската регулатива, а се применуваат и стандарди кои се построги од законските обврски.

Реклама

„И апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти, а кои се во целост усогласени со европската регулатива, “ одговорија од ТИТАН Усје.

По увидот на министерството, од иницијативата очекуваат да следи јавна расправа каде што граѓаните ќе можат да си ги искажат своите ставови. Дополнително од таму уверуваат дека ќе ја следат состојбата и ќе прават притисок додека не се прифати нивната дозвола.