Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Економија

Стојкоски: Ги поздравуваме одлуките на Владата за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви

Асоцијацијата на земјоделци чиј претседател е Петре Стојкоски ги оценува позитивно двете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асоцијацијата на земјоделци чиј претседател е Петре Стојкоски ги оценува позитивно двете одлука на Владата за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви, пренесува zelenaberza.

– Се што е добро ќе поддржиме, а тоа што не е, ќе го кажиме. Меѓутоа одлуките на Владата за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство ги оценуваме како позитивен чекор и ги поздравуваме.

Одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв е добра одлука. Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.

Реклама

Исто така за прв пат се откупува оризова арпа, 2400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв. Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони. Оваа одлука за оризопроизводителите посебно ја поздравуваме, рече Петер Стојкоски за Зелена берза.