Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Стојаноски: Законот за ангажирање лица, задава силен удар во коренот на сивата економија и ги унапредува работничките права

Со гордост сакам ви соопштам дека е изгласан Законот за привремено и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со гордост сакам ви соопштам дека е изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица. За прв пат во историјата на Македонија се усвои еден ваков закон кој е на барање на работниците и работодавачите.

Предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, законот задава силен удар во коренот на сивата економија, а истовремено ги унапредува и работничките права.

Создаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски – или работници ангажирани на одреден период, а со тоа, создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките кои што сега се во сивата економија.

Реклама

Она што особено радува, е што лицата ангажирани согласно овој закон, нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии.

Во оваа законска категорија на граѓани, спаѓаат:

– Пензионерите;
– Студентите;
– Сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделието, овоштарството угостителството и сервисните дејности.
– Невработените, но и вработените;
– Лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа;
– Како и странците со регулиран престој;

Ова иновативно законско решение предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.

Оваа платформа ќе биде финансирана со грант од наши меѓународни партнери, од Сојузна Република Германија.

Продолжуваме да работиме и на други вакви, современи законски решенија, се со цел, Македонија да биде пристојно место за живот, за секој еден.