Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Стојаноски: Задаваме силен удар на сивата економија, а преку тоа, ги зајакнуваме и работничките права

Со новиот Закон за работно ангажирање на лица односно за сезонско и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новиот Закон за работно ангажирање на лица односно за сезонско и привремено ангажирање, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, конечно ставаме крај на долгогодишната пракса на неформално вработување, – за првпат по повеќе од три децении, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Со законот овозможуваме флексибилност, со цел работодавачите да можат да пријават лица кои се ангажирани на периодична или сезонска работа, а работниците да ги уживаат сите законски права, вклучувајќи пензиски и здравствени придонеси.

Ова креативно законско решение е од особена важност за сезонските работници во земјоделството, угостителството и сервисните дејности.

Реклама

Важно е и за студентите, за средношколците, за само-вработените, за вработените, пензионерите, за земјоделците.

За да имаме особено квалитетен закон, во Собранието за него одржавме и јавна расправа, на кои беа прифатени забелешки од Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование како и експерти и невладини организации.

Подобрувања вметнати преку 33 амандмани, кои дојдоа од различни партии“, потенцира Стојаноски.

„Дополнително, оние лица кои ќе бидат пријавени преку овој закон, нема да ги изгубат веќе стекнатите права, како социјална помош, надоместок поради невработеност, семејна и старосна пензија, стипендија или правото на редовно студирање.

За непречено спроведување, ја прошируваме надлежноста на Агенцијата за вработување.

Предвидено е воведување на дигитален регистар и современо софтверско решение што ќе овозможи пријавување на работници преку интернет – брзо и едноставно, за само неколку минути“, изјави Бојан Стојаноски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, продолжува со своите заложби за подобрување на положбата на работниците, унапредување на деловното опкружување, зголемување на јавните приходи, како справување со недостигот на работна сила, нотира Стојаноски во изјавата.