Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Стојаноски: За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.

,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба – кај граѓаните. Затоа што буџетот – тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.

Реклама

,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни. Овие зголемувања се издржани и поткрепени со реализацијата во првите месеци. Тоа не е симболично – тоа е суштински одговор на потребите на граѓаните“, кажа Стојаноски.

Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.

,,Се обезбедуваат средства за ,2 милијарди денари за доизградба на ФИНКИ, ФФК и комплексот на Мајка Тереза, ваучер од 250 евра за секој студент – 55.000 студенти добиваат техничко помагало, реактивирање на проектот „Купи куќа за млади“ односно се зголемува ставката за цели 111%, 307 милиони денари за набавка на 120 нови автобуси, плус 307 милиони денари за изградба на локални патишта, 783 милиони денари повеќе за високото образование, 126 милиони денари плус за инвестиции во образованието, над 80 милиони денари за поддршка на спортот“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училишта, во достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеат, во поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.

„Овој Ребаланс мора да биде поддржан. За секој студент што ќе добие лаптоп. За секој пензионер што ќе добие плус. За секое дете што ќе учи во подобро училиште. За секој возрасен што ќе добие лек со нова опрема. За секое семејство што ќе помине по нов локален пат“, посочи Стојаноски.

Стојаноски заклучи дека овој документ е резултат на сериозна анализа и политичка зрелост:

„Овој документ не е направен под притисок. Напротив, тој е резултат на анализа, работа и политичка зрелост. И наместо кратење, да потсетам, имаме дополнителни 300 милиони денари за капитални инвестиции“.