Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Стојаноски за Коцевски: Мислејќи дека ќе го изнедриме новиот Џовани Фалконе, добивме нова Катица Јанева

ВМРО-ДПМНЕ не  е партија коај менува ставови, изјави синоќа во „За или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ не  е партија коај менува ставови, изјави синоќа во „За или против“ пратеникот Бојан Стојаноски, потенцирајќи дека она што може да го издвои како негативна референца која им ја поставија дел од граѓаните е проблемот и фактот што многу криминогени ликови не се најдоа пред лицето на правдата и одговорноста, нешто што токму тие како партија го ветуваа.

-„Токму затоа ја повикувам јавноста да посведочи дека ВМРО-ДПМНЕ  и нејзиниот лидер Мицкоски не го менуваат ставот често кога за нешто ќе кажеме дека сме задоволни или незадоволни па може тој став ќе го декалрираме утре, во текот на утрешниот ден на утрешната собрасниска седница (седница на Интерпелација за ДЈО Љупчо Коцевски) бидејќи ние очекувавме многу повеќе од одредени ликови, кои требаше да направат уште многу работи, освен да им слугуваат на СДСМ и ДУИ и требаше  да ги санкционираат вистинските криминалци, а не да бегаат од очигледните материјали кои им се доставени од МВР и од поединци и од сите институции во државата и од финснсиската полиција. Не е нормално финансиската полиција да врати 30 милиони евра украдени пари за само 9 месеци, а вие да имат есмешен број опбвиненија кои ги иамте изготвено. Тука сакам само да направам една јасна дистинкција. Во Обвинителството постојат неколку категории, едната е здравото ткиво во кое се вработените во стручните служби кои навистиан сакаат да ги изготват и процесираат вистинските акти и дела, исто е и во судството, а од друга страна ги имате оние поединци кои што се до толку расипани да им слугуваат на оние коишто седат  на врат и кои го креираат негативното мислење за сит еовие луѓе кои навистина не заслужуват да го носат тоа петно. Се’ што ние сакаме е да имам е обвинители и судии кои ќе судат подеднакво за сите, дали тоа било ВМРО-ДПМНЕ, дали било СДСМ, дали актуелен функционер или поранешни, но дајте веќе еднаш луѓе испорачајте ја таа правда. Не е нормално, повторувам – не е нормално да имате толку индиции за криминал, сите граѓани во оваа држава да го знаат тоа и да ви ги покажуваат криминалците со прст каде се, тие да ви седат во собраниските клупи, а вие да се правите дека сте недоветни и дека „не сте од тука“. На тоа мора да му се стави крај и на тоа ќе му се стави крај“, посочи Стојаноски во итервјуто со Љупчо Цветановски.

-Ова е најава за утрешната интерпелација на Љупчо Коцевски?

Реклама

„Ајде да направиме еден пластичен пример. СДСМ и ДУИ кога дојдоа на власт 2017-та година, прво нешто што направија е разешувањето на Јавниот обвинител. Тоа беше првото нешто. Ние кажавме дека даваме шанса и го повикавме, секаде каде што ќе анјде некоја индиција за криминал, дали тоа било во опоштина, дали во која било институција, повторно ќе повторам – намерно повторувам за да одѕвони во ушите на оние кои што ги изневерија граѓаните а од кои граѓаните оечкуваа дека ќе донесат правда во оваа држава, далие е од ВМРО, СДСМ, ДУИ или кој било друг, да изготви акт и да го прати во судот за да тие лица се најдат пред лицето на правдата. Ние дадовме повеќе од доволно можност и напати и ги молевме да се фатат за работа, да имаат реакција за да ја вратат довербата на граѓаните дека нема повеќе циркузанти кои што играат фудбал по владини кабинети, да не поминат неказнето кога се закануваат на национални телевизии,  дали на новинари,  дали на се’ живо. Принципот на неказнивост мораше да заврши затоа што тоа беше наше ветување на изборите. А практично, ние таму видовме една инертност, една стерилност, во ситуација кога тие беа повеќе заинтересирани да слугуваат на некој друг отколку да испорачуваат правда. Ние мислејќи дека ќе го изнедриме новиот Џовани Фалконе, добивме нова Катица Јанева. Тоа можело да помине со оној кој доаѓа од југот на земјата, со некој од Зајас, со некој која сак да купува Бентлиња, Ролс-ројсови, Соравии, да хараат по енергетскито сектор, дали брат му на актуелниот или синот на поранешниот лидер на СДСМ, со такви луѓе. Ние не сме такви и ако сме излегле и сме кажале дека ќе ставиме крај на тоа, ние ќе ставиме крај на тоа,“ потенцираше Стојаноски пред денешната седница на која на дневен ред е егалсањето доверба на државниот јавен обвинител Коцевски, кој беше на пат да биде сменет, но доби „втора шанса“ по трагедијата во Кочани .