Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Стојаноски: За една година ја стабилизиравме економијата

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на темата за економијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на темата за економијата во земјава и заклучи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за една година власт успеа да ја стабилизира економијата и да постави основи за раст Стојаноски ја оцени изминатата година како предизвикувачка, но успешна, со економски раст и рекордни странски инвестиции.

„Година во којашто успеавме да ја стабилизираме економијата којашто до тогаш беше во слободен пад. Кога ја преземавме власта кажавме дека ќе почнеме да ја практицираме практично во три фази“, кажа Стојаноски и дополни:

„Првата фаза беше да го сопреме слободниот пад за којшто и претходната влада доби таков резултат на изборите. Втората беше оној период на стабилизација за којшто сметам дека сме блиску, тоа е некаде на позитивната нула за да овој момент натака почнеме веќе да ја градиме платформата на тоа коешто треба да се нарекува наша визија и перцепција за тоа како ние ја замислуваме оваа држава“.

Реклама

Стојаноски се осврна на економскиот раст во првиот квартал, според точни податоци од Еуростат и потенцираше дека не станува збор за волумен туку раст на економијата, а посочи и дека во 2024 година странските инвестиции изнесуваа една милијарда и 255 милиони евра, што по глава на жител ја прави земјата најдобра во регионот според тој параметар.

„Јас би го повикал истражувачкото новинарство, опозиција, една буква од говорот на Мицкоски да ја докажат дека е лажна или дека не е вистина, практично за тие параметри коишто ги кажавте не се зборуваше за волумен на економијата туку од аспект на раст на економијата во првиот квартал што е и вистина. По Еуростат тоа да го проверите“, рече Стојаноски.

Стојаноски смета дека трендот на економска стабилизација продолжи и во првиот квартал, а тоа го потврдува и ДЗС и изминатата година ја оцени како предизвикувачка, но сепак успешна во однос на напорите за стабилизирање на економијата.

„Нешто коешто сметам дека го продолживме во првиот квартал, тоа го докажа и ДЗС. Оваа година би ја оценил како предизвикувачка но успешна во овој момент да ја стабилизираме економијата“, вели Стојаноски.