Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски проблемите во град Скопје ќе се надминат

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош, и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе осум години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.

„Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за четири години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и почувствуваат дека има град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено се како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме“, рече Стојаноски.

Реклама

Стојаноски посочи дека со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на град Скопје.

„Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за да никогаш повеќе ова не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми коишто ги имаат граѓаните на Скопје. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање на сето она коешто се случуваше беше што потоа од 3 ноември понатаму, и сме многу подготвени за тоа што следува од тој момент“, дециден е Стојаноски.