Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за темелите на промените кои се поставуваат, како и дека граѓаните заслужуваат да имаат лица коишто ќе се грижат за нив, а воедно ги истакна и четирите реформски закони кои ќе го постават темелот на модерната дигитализација, оперативниот план на млади лица, притоа потенцирајќи дека со напорна работа се гради успешна приказна.

„Пред неколку дена имавме отчет пред владата каде што премиерот имаше говор и на ваков транспарентен и отчетен начин ќе продолжиме да разговараме со јавноста. Со чесна и напорна работа успеавме да станеме и тоа е факт една од водечките економии во Европа по раст на БДП во првиот квартал, тоа е факт којшто е неизбришлив. Понатаму исто така кажавме за платите за пензиите кажавме за планот за раст за странските директни инвестиции и сето тоа коешто се нарекува успешна приказна. Од аспект на Собранието ќе кажам неколку работи, бидејќи сега од 2 јули пред нас ќе разговараме за ребаланс на буџетот и тоа ќе биде една приказна со којашто ќе ги најавиме наредните шест месеци и што може граѓаните да очекуваат“, рече Стојаноски.

Стојаноски стави фокус и на тоа колку успешни проекти се реализирани, од кои го потенцираше проектот за ваучери за студентите и истакна дека така се гради достоинствена и горда држава.

Реклама

„Ќе кажам неколку работи кои граѓаните треба да ги знаат, токму Гордана успеала да обезбеди 307 милиони денари повеќе за набавка на нови 120 автобуси, меѓу кои еден од тие којшто ќе ги добие е градот Прилеп. За еден којшто ми е многу драг проект успеала да обезбеди средства за да секој студент којшто ќе се запише од септември да добие по 250 евра ваучер, а тоа се 55 илјади студенти. Ова се средства кои се од граѓаните за граѓаните, на овој начин сметаме дека треба да ги поставиме темелите за една поубава и по достоинствена Македонија и горда држава во која сите ние ќе сакаме да живееме“, вели Стојаноски.