Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Стојаноски: СДСM се обидува да создаде паника низ државата со слики од пожари во Шпанија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говореше за состојбата со пожарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говореше за состојбата со пожарите и како државата се справува со ситуацијата и нагласи дека постои основан сомнеж дека најголемиот дел од пожарите се подметнати.

„Точно е тоа што го кажува директорот на ДЗС, бидејќи сепак тие луѓе имаат основани информации коишто доаѓаат од теренот, бидејќи се надлежни за таквите случувања. Премногу случајности за да кажеме дека тоа се случува така само од себе. Факт е дека има подметнување на пожарите на теренот низ Република Македонија“, вели Стојаноски и додаде:

„Можевме да видиме дека имаше неколку лица којшто беа фатени на лице место, којшто беа уапсени. Неколкумина којшто се обиделе со најразлични материјали да создадат пожар, притоа не успеале и материјалите биле најдени на терен“, рече Стојаноски.

Реклама

Стојаноски истакна дека опозиционата партија СДСМ, сака да ја искористи оваа тема и кај граѓаните да создаде одреден немир. Пратеникот додаде дека на Фејсбук страната на СДСМ може да се забележи дека користат слики од пожари во Шпанија, за да прикажат дека истото се случувало во Македонија.

„На страницата на опозиционата партија СДСМ, вие ќе видите дека тие толку нечесно сакаат оваа тема да ја дигнат во јавноста и да создадат кај граѓаните одреден немир или хистерија, да користат слика од пожари во Шпанија за да прикажат дека тоа се случувало во Македонија, за да добијат политички бенефит на две основи. Првата е да покажат дека не биле толку неспособни колку што граѓаните видоа во изминатите седум години, а второ, таа нивна девиза, колку полошо за државата, толку подобро за СДСМ и да покажат дека државата е неспособна да се справи со тие пожари“, објасни Стојаноски и нагласи дека нашите институции, пожарникари, како и војниците и полицајците се на висина на задачите и успеваат состојбата да ја стават под контрола.