Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Стојаноски: Исто како Филипче да поднесе Закон за одговорност за модуларните клиники

Денес пратеникот Бојан Стојаноски даде изјава во врска со предлог законот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес пратеникот Бојан Стојаноски даде изјава во врска со предлог законот на СДСМ за пожарот во Кочани.

-Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош.

Нашиот план за поддршка на засегнатите е следниот:
Прво, ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти.
Второ, водиме преговори со инвеститори да отворат капацитети во Кочанивили во непосредната близина. Премиерот Мицкоски најави 2 нови инвестиции и проширување на една актуелна постоечка во близина на Кочани, со 1.000 нови вработувања.
Трето, ги покриваме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото.
Здравствениот систем ќе биде посветен и мотивиран да ги помогне овие луѓе.

Реклама

Самиот аргумент зошто политизираат е кога ќе видите кои ликови ја соопштија веста за овој закон. Венко Филипче и Оливер Спасовски.
На Спасовски му се случија Ласкарци, Беса Транс, Модуларната клиника, Онкологија. Никој не беше уапсен. Ниту еден. Со ниту една поднесена кривична пријава. Во меѓувреме беше два пати Министер и еднаш Премиер.

Зошто тогаш не поднесуваше вакви закони ? Оливер Спасовски да поднесе ваков закон е исто како Зоран Заев да поднесе закон за враќање на името. Или како Венко Филипче да поднесе Закон за одговорност за модуларните клиники.
Зошто Венко Филипче како Министер не презема одговорност за овие скандали?

Ние нема да водиме политика на овие случаи. Премиерот Христијан Мицкоски остави средба со најголем дел од родителите и ќе продолжи да се сретнува. Имаме организиран и системски пристап. Никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има, ама и одговорност, изјави Стојаноски.