Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Стојаноска: СДСМ здравството го доведе до пропаст

На денешната собраниска седница за избор на нов министер за здравство се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната собраниска седница за избор на нов министер за здравство се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која истакна дека македонското здравство години наназад се соочува со нестручност во менаџирањето на здравството.

-Анализирајќи, имавме доста експерти од здравствената област којашто имале можност да го водат овој ресор здравство, но секогаш не се покажало дека биле компактибилни, здравствената стручност со менаџирањето со ресорот здравство, и затоа апсолутно немам никаква сомнеж односно можноста што премиерот му ја дава на Азир Алиу како доктор по информатички науки да го води овој ресор, сметам дека добро би се снашол, рече Стојаноска.

Стојаноска објасни дека Алиу би можел да состави добар експертски тим кадешто неговите способности ќе бидат добра комбинација за квалитетно здравство и квалитетни здравствени услуги.

Реклама

-На тој начин составувајќи еден квалитетен и експертски тим сметам дека неговите менаџерски способности ќе бидат добра комбинација којашто на дело ќе покаже едно конечно квалитетно здравство, квалитетни здравствени услуги за сите граѓани во Македонија. Би можела слободно да го наречам и интернационален експерт од областа од којашто доаѓа, има бројни реализирани проекти од областа на дигиталната трансформација, вештачката интелегенција, објасни Стојаноска.

На крај пратеничката го искоментира отсуството на Венко Филипче и објасни дека со добро организираната екипа на Алиу ќе се исплива од дното во коешто било западнато здравството години наназад.

-Се надевам ќе добие поддршка не само од владеачкото мнозинство туку и добар дел од опозицијата, не можам да не го искоментирам отсуството на еден бивш министер за здравство од којшто очекував прв да биде пријавен, ако ништо друго да му даде совети на идниот министер за здравство како треба или како можеби не треба да раководи со овој сектор, но за жал неговото отсуство и не пријавувањето за збор доволно зборуваат колку Венко Филипче го руинира здравството и денес нема храброст ако ништо друго барем да му упати една честитка на еден следен министер за здравство. Голем е предизвикот за Азир Алиу но сметам дека со екипата којашто би ја составил околу него сметам дека добро ќе се снајде и се надевам дека конечно ќе испливаме од најдлабокото дно во коешто здравството е западнато години наназад, особено последните седум го доживеавме крахот кога еден врвен здравствен експерт го злоупотреби менаџирањето со здравството за договарање на тендери за профитирање од набавка на вакцини, децидна е Стојаноска.