Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија

Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни

Меѓуетничките односи во моментов во државата се стабилни, постои стабилно парламентарно мнозинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуетничките односи во моментов во државата се стабилни, постои стабилно парламентарно мнозинство и од тој аспект ситуацијата е сосема нормална, а кога е таква постои простор државата да се занимава со она што е најважно за граѓаните, а тоа е економијата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, одговарајќи на новинарско прашање да даде оценка за меѓуетничките односи во рамки на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Тој уште нагласи и дека она што може да се види на политичката сцена од одредени партии изминатиот период е во функција на кампања за претстојните локални избори.

-Кога прашувате за меѓуетничките односи одговорот е многу едноставен, тие се во функција на кампањата за локалните избори, тука ништо ново не кажувам, штом се доближуваат какви било избори, сите играат на карти кои се надвор од границите на некакво нормално однесување, кое, пак се применува кога не станува збор за изборен период. Меѓуетничките односи во овој момент во државата се стабилни, постои стабилно парламентарно мнозинство и од тој аспект ситуацијата е сосема нормална, а кога е нормална тогаш државата има простор да се занимава со она што е важно за граѓаните, а тоа е економијата и тоа еден од клучните придонеси со доаѓањето на оваа Влада, истакна Стоилковиќ.

Реклама

За тоа дали во државата постои антиалбанско однесување тој истакна дека такво нешто нема забележано, но додаде дека постои криминализација на дел од луѓето и од тој дел на власта во минатото.

-И сега тие се обидуваат со различни шпекулации да ја амортизираат дел од неказнивоста, која важеше во минатото. Станува збор за криминализација на дел од поранешната владејачка структура, која себе се претставува како единствен претставник на една национална заедница во Македонија, рече Стоилковиќ.