Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Стојмировска во посета на седиштата на муслиманската и бекташката заедница во Тирана

На покана на Големиот Муфтија на Албанија, Бујар Спахиу, вршителката на работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Големиот Муфтија на Албанија, Бујар Спахиу, вршителката на работи во македонската амбасадата во Тирана, Радмила Стојмировска, оствари посета на Муслиманската заедница на Албанија по повод големиот исламски празник, Рамазан Бајрам. 
 
Исто така на покана на  Светскиот водач на Бектешите, Баба Монди (Едмонд Брахимај)  го посети Светскиот центар на Бектешкиот ред, што се наоѓа во Тирана,  каде го честиташе големиот исламски празник, Рамазан Бајрам, на верниците од бектешката заедница.  
 
-Стојмировска ја поздрави ваквата иницијатива на поглаварите на верските заедници со која ја приближуваат нивната традиција и култура до дипломатскиот кор во Тирана, потенцирајќи дека суштинското разбирање на религиската разноликост во Албанија е важен елемент при службувањето на акредитираните дипломати, објави Македонската амбасада. 


Во објавата се додава дека албанското општество со децении негува култура на меѓусебно почитување, каде различните верски заедници – муслимани, православни, католици и бектеши – живеат во дух на толеранција и солидарност. 
 
– Овој модел на соживот често се посочува како пример во регионот, особено во време кога меѓурелигиското разбирање има суштинско значење за зачувување на мирот. Во тој дух, Амбасадата упатува честитки по повод празникот Рамазан Бајрам до сите верници и им посакува мир, љубов и благосостојба на сите семејства кои празнуваат денес, посакува Амбасадата.