Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Стојковски: Новиот закон против пушење покрај здравствените придобивки има и силно превентивно дејство – ќе придонесе за формирање здрави навики кај младите

Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

– Дополнително, се очекува значително намалување на болестите поврзани со пушењето, вклучително и кардиоваскуларните заболувања, канцерот на белите дробови, хроничната опструктивна белодробна болест и други сериозни здравствени состојби, подвлече Стојковски.

Тој се осврна и на другите придобивки што ги носи најавениот закон против пушење.

Реклама

-Законот ќе придонесе и кон намалување на боледувањата и отсуствата од работа, со што индиректно се влијае врз зголемување на продуктивноста, а воедно ќе се намали и притисокот врз здравствениот систем. Дополнителна придобивка е создавањето почисти и поздрави работни простории и јавни површини, како и значително подобрување на условите за работа на вработените во угостителскиот сектор, вели Стојковски.

На долг рок, ваквите законски решенија, додава тој, имаат и силно превентивно дејство.

-Ја зголемуваат јавната свест за сериозните штетни последици од употребата на тутунот и придонесуваат кон формирање здрави навики кај младата популација, со што се спречува започнувањето со пушење уште во најраната возраст, додаде Стојковски.