Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Стојаноски: Судиите да сфатат дека криминалот не е исплатлив, единствено треба да судат по словото на законот и да постапуваат професионално

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на една од националнтие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на една од националнтие телевизии дебатираше за многу актуелни теми меѓу кои и за состојбата во правосудството и случајот со апелацискиот судија каде полицијата пронајде 350 илјади евра во ѕид од неговата куќа, истакна дека со реформи состојбата може да се промени и да се стави крај на корупцијата и поигрувањето со човечки судбини во областа на судството, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Би сакал да ја поздравам оваа акција од институциите и да биде сфатена од оние коишто се судии во моментот да разберат дека криминалот не е исплатлив и дека некој конечно сака да расчистува со тој криминал, така да единствено нешто што сега се бара од нив е да судат по словото на законот и да постапуваат професионално. За да се промени состојбата во судството треба системски реформи кои ќе започнат од почеток по сите инстанци, тоа се прави со носење на законски решенија кои треба да пристигнат во парламентот. Ете до крајот на месецот од Владата ќе стигнат најверојатно три или четири закони од оние седум од Министерството за правда, кои треба да гарантираат сериозни реформи согласно европската агенда и на тој начин заедно со дебата со сите општествени чинители да направиме законски решенија кои што ќе гарантираат дека вакви луѓе повеќе ќе не можат да влезат во тие институции, а не пак да пресудуваат кон некого, затоа што ова не се само 350 илјади евра не е само ова корупција во системот ова се човечки судбини коишто досега биле уништувани но некој тоа го толерирал“, рече Стојаноски.

Пратеникот истакна дека сите без разлика на тоа дали се обвинители или судии треба да ја сфатат пораката дека не се по моќни од другите луѓе, потенцирајќи дека е потребно да се фокусираат на професионалното работење, а не на криминалот.

Реклама

„Затоа ова нека биде порака до сите оние коишто сметаат дека ако се судии и обвинители и не знам што во правосудниот систем се по моќни од поединецот, не туку сите треба да бидат еднакви пред правдата. Од овој момент натака мислам дека сите треба да ја сфатат, ако не ја сфатиле пораката дека времето на како до сега е завршено и дека треба да работат само професионално, а криминалот не се исплати затоа што сцените кои што ги гледавме со овој судија и со тој претходно мислам дека ќе се повторуваат ако не успееме да го исушиме тоа мочуриште“, вели Стојаноски.