Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред, 2025 година ја завршуваме со кумулативен раст од 3,5%

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти.

Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството.

Реклама

Што значи ова на поедноставен јазик?

Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз.

Само во последниот квартал, извозот порасна за речиси 10 проценти. Градежништвото порасна за над 14 проценти.

Ова не е раст само на хартија. Ова е раст кој се гледа на терен.

Истовремено, буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4 проценти, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3 проценти од БДП.

Тоа значи дека растеме, но одговорно. Не со задолжување без контрола, туку со стабилна политика.

Дополнително, во првите два месеци од 2026 година капиталните инвестиции бележат трицифрен раст во однос на истиот период лани.

Тоа е јасен сигнал дека темпото не запира, туку се засилува.

Свесни сме дека граѓаните чувствуваат притисок од трошоците за живот. Но растот на економијата е предуслов за повисоки плати, нови работни места и подобар стандард.

Нашата порака е јасна: економијата расте, стабилно и одржливо.

И ќе продолжиме со политики што создаваат вредност, инвестиции и сигурност за граѓаните и стопанството.