Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Македонија

Стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство преку програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет

Стипендии за талентирани научнички за магистерски студии во Обединетото Кралство обезбедува програмата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стипендии за талентирани научнички за магистерски студии во Обединетото Кралство обезбедува програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет (British Council), кој соопшти дека оваа година програмата доделува 15 стипендии во 10 земји во Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Како што информира Британскиот совет, оваа програма обезбедува пристап до разновиден опсег на курсеви со сеопфатни придобивки, како што се целосно покривање на школарината, месечни стипендии за живот, патни и визни трошоци и надоместоци за здравствено осигурување.

– Во чест на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката (11 февруари), програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет нуди целосно финансирани стипендии за талентирани научнички од Северна Македонија за студирање на програмите по наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ) во Обединетото Кралство. Оваа година Британскиот совет доделува 15 стипендии (пет од универзитет) за научнички од Турција, Западен Балкан, Централна Азија и Јужен Кавказ. Програмата овозможува пристап до разновиден избор на магистерски програми на три истакнати британски универзитети – Универзитетот во Бат, Универзитетот во Брадфорд и Универзитетот во Дарам. По завршувањето на студиите, научничките се враќаат дома за да придонесат во СТЕМ-секторот во своите земји преку споделување на вредните врски и искуства од Обединетото Кралство – се наведува во соопштението. 

Реклама

Секоја стипендија за академската 2026 – 2027 година вреди најмалку 40.000 фунти, вклучувајќи школарина, стипендии за живот, патни и визни трошоци, надоместоци за здравствено осигурување и поддршка за англиски јазик.

– Стипендиите што го менуваат животот овозможуваат пристап до водечки светски научни и истражувачки универзитети во Обединетото Кралство и платформи за поврзување со експерти за СТЕМ и глобалната мрежа на алумни од Обединетото Кралство. Програмата е подготвена како можност за оние што немале шанса да студираат во странство и им дава приоритет на кандидатките што не би можеле да продолжат со образование во странство без оваа стипендија. Нагласувајќи ги еднаквоста, различноста и инклузијата, програмата ги поздравува апликациите од жени од која било возраст. Дополнително, кандидатките мора да ги исполнат условите за прием на конкретната универзитетска програма и да поседуваат соодветна диплома за додипломски студии – информира Британскиот совет. 

Повеќе информации за стипендиите достапни во Македонија може да се најдат на веб-страницата на Британскиот совет. Рокот за пријавување за стипендии за жени во СТЕМ е крајот на април 2026.