Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: „Нашите идентитети треба да бидат мостови, а не ѕидови“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. На меѓународниот собир, Стерјовски се обрати како претседател на МАЕИ и политички претставник на македонската заедница во Албанија, истакнувајќи дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество која треба да се зачува и да се пренесе на идните генерации, се вели во соопштението од весникот Македониум.

Во своето обраќање, Стерјовски нагласи дека Албанија претставува значаен пример за соживот меѓу припадниците на различни верски заедници.

„Овде, луѓето од различни вероисповеди живееле рамо до рамо, ги делеле радостите и тешкотиите, граделе семејства, заедници и заедничко општество. Овде научивме дека различноста не е закана, туку богатство“, истакна Стерјовски.

Реклама

Говорејќи за македонската заедница во Албанија, тој посочи дека Македонците со векови живеат во хармонија со албанскиот народ и активно придонесуваат во општествениот, културниот, образовниот и јавниот живот на земјата.

Посебно го издвои примерот на големиот писател Стерјо Спасе, со македонско потекло, кој преку своето творештво оставил значаен белег во албанската литература.

„Ова е пораката што сакаме да ја пренесеме: нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“, порача Стерјовски.

Во продолжение на своето излагање, претседателот на МАЕИ говореше и за важноста од зачувувањето на мирот и меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Тој истакна дека мирот и соживотот не се дадени еднаш засекогаш, туку бараат постојана грижа, дијалог и одговорност.

Стерјовски предупреди дека политичките, националистичките и геополитичките интереси можат да придонесат кон создавање недоверба меѓу заедниците, нагласувајќи дека на обидите за инструментализација на етничкиот и верскиот идентитет треба да се одговори со дијалог, транспарентност, меѓусебна почит и зајакнување на демократските институции.

„Ние веруваме во Албанија каде црквата и џамијата не се гледаат како симболи на поделба, туку како дел од еден заеднички општествен мозаик“, истакна тој.

Во својот говор Стерјовски се осврна и на европската иднина на Албанија, нагласувајќи дека Европската Унија претставува заедничка иднина и простор на мир, правда, човекови права и почитување на различностите.

Тој порача дека МАЕИ силно ги поддржува европските и евроатлантските интеграции на Албанија и изрази надеж дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија ќе заврши што е можно поскоро, со поддршка од европските и американските партнери.

Меѓународниот самит во Тирана беше посветен на промовирањето на мирот, меѓуверскиот дијалог и почитувањето на верската и етничката разновидност како основа за стабилно и демократско општество.