Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. 

Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што  ќе трае до крајот на март следната година.  Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од најпосакуваните дестинации од страна на нашите патници. Истиот ден на распоредот за летање се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а се враќа и линијата до Келн. 

Од 30 март 2026 година двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Виз ер ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден авиокомпанијата отвора нова дестинација за одмор во Италија – Неапол, дестинација за која очекуваме многу голема побарувачка. На 30 март 2026 година, Аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид ќе биде поврзан со Милано. Десеттата нова дестинација е линијата од Скопјe до Женева, која ИзиЏет ќе ја врати на 3 ноември. 

Реклама

Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство во зимската сезона од 26 октомври до 28 март следната година од Скопје ќе се лета до Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих. Дестинациите од Охрид се: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.

Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток, а фоксуот во иднина ќе биде насочен и на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство.

Можности за воспоставување нови директни авиолинии се отвораат и со Договорот за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, што го потпишаа вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски и англискиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер на 23. месецов во Лондон.

Двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, во првите девет месеци од годинава опслужиле 2.585.096 патници, што е зголемување од шест проценти во споредба со истиот период лани.  Преку Меѓународниот Аеродром Скопјe се превезени 2 375 264 патници, што е за 5,4 процент повеќе од минатата година, а Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележа двоцифрен пораст од 16,2 процент со 209.832 превезени патници. 

Во истиот период има зголемување и на бројот на летови – за три проценти во споредба со минатата година, односно на двата аеродрома се опслужени 20.141 лет.