Реклама

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Македонија

Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, преку пријавување неправилности до нулта толеранција

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска. На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, доверба и активно граѓанско учество.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на настанот по повод отпочнување на кампањата што се одржа во Клуб на пратеници, истакна дека институциите даваат силна поддршка на кампањата.

-Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе работиме на системите за пријавување корупција, како и обезбедување заштита и доверливост на лицата што пријавуваат. Наша задача е да создадеме доверба кај граѓаните, да ги охрабриме да бидат дел од решението и да им овозможиме безбедно и ефективно пријавување на коруптивни случаи. Верувам дека ќе обезбедиме ефикасна координација и брза реакција со цел тие да се процесуираат и санкционираат во најкус можен рок. Нашата поддршка на оваа кампања е безрезервна и со јасна намера за зголемување на транспарентноста и одговорноста во институциите, создавајќи средина каде што граѓаните се чувствуваат безбедно и мотивирано да пријавуваат неправилности, рече Јанев.

Реклама

Потенцираше дека е убеден дека ќе ги намалат коруптивните дејствија на сите нивоа.

-Треба на проблемите кои што сите ние како граѓани ги имаме, а се генерирани од коруптивни дејствија, да почнеме да им ставаме крај. Ова да не бидат декларативни зборови, туку да преминеме во акција, дополни тој.

Експертот за антикорупција и перење пари, Мојца Кузмички, посочи дека главниот фокус на оваа кампања е подигнување на свеста и градењето доверба, за луѓето да можат да ја препознаат корупцијата, да го разберат нејзиното штетно влијание и да се чувствуваат безбедно и охрабрено да преземат акција.

-Денеска не претставуваме само уште една кампања, воведуваме витална иницијатива, која се фокусира на превенција преку подигање на свеста, едукација и активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата, која не е задача само на една институција. Тоа е споделена одговорност на целото општество. Само преку соработка на граѓаните, органите за спроведување на законот и граѓанското општество можеме да изградиме потранспарентна, поправедна и доверлива држава. Со денешниот настан отвораме ново поглавје во кое секој поединец е дел од решението, нагласи таа..

Кампањата, која е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а спроведен во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе се промовира преку социјалните медиуми, медиумски платформи и со поддршка од влијателни јавни личности, со цел да се поттикне поголема афирмација на иницијативата.