Отворено писмо, гласно , драматично,насочено дирекно кон светските лидери – веќе видената тактича Ахмети повторно ја применува во обид за глас плус кога рејтингот му паѓа. Но зад силнит зборови – нема никакви индиции за реална институцинална криза туку, внимателно спакуван политички настап за зголемување на глас плус.
Лудерот на ДУИ, Али Ахмети , повторно се обрати – овој пат за укинувањето на балансерот и како што вели , загрозените достигнувањеа од Охридскиот договот. Писмото го адресираше до највискоките адреси – од Вашингтон до Брисел, од Париз до Берил.
Реториката е силна е веќе позната на јавноста. Алармантна, попмезна – и секогаш се засилува кога интегративиците се во пад на идеи, гласови, влијание.

Практично партијата што со години беше дел од системот, денес предупредува дека тој систем е загрозен – без да понуди конкретни докази дека демократските механизми навистина се нарушени.
„Во последниот период, откога ДУИ изгуби и стана опозиционерска политичка партија, заедно со другите политички партии се обидуваат на некој начин да најдат некој странски дипломат за да можат да, условно кажано, да пцујатпротив државата и против премиерот Христијан Мицкоски, односно и политичките партии кои се на власт, но тоа очигледно не му успева внатре, бидејќи, односно, очигледно тие странски дипломати не го слушаат него буквално тој може и нема толку пристав, затоа се обидува со отворени писма до центрите низ Европа и низ светот да го алармира меѓународната заедница со наводници дека Албанците се под притисок од страна на владата, односно им се закануваат нивните права.“ – вели Фаризи за Алфа.
Но според Фаризи, проблемот не само во пристапот туку и во содржината. Тој вели зад ваквите чекори стои недостаток на јана политичка понуда и релевантност.
„ДУИ нема некој концепт за развивање на албанската политика во државата и да ги застапува Албанците како нив треба да ги застапува во државни, државна власт, односно во Собранието и тие се обидуваат на некој начин само со спинови, односно со тоа дека ако повеќе ја оцрнува државата и владата ќе добиваат на рејтинг, односно на покачување на нивниот рејтинг, бидејќи во последниот период, односно во последните рејтинзи, ДУИ веќе е позади ВЛЕН.“ – посоли Фаризи.
Писмото доаѓа откако во Скопје се одржа протест каде дел од албанските студенти излегоа на улиците со албански знамиња барајќи можност да полагаат правосуден испит на албански јазик. На протестот, имаше и функционери на ДУИ, што остава сомнеж дека зад протестот има политичка заднина.
Од ВЛЕН со јасен став – според нив, т.н. „балансер“ со години бил механизам со правни празнини што овозможувал манипулации и партиски вработувања, додека ДУИ, иако имала време, не го преточила принципот во закон. Сега, велат, се воспоставува систем со јасна одговорност, методологија и контрола, со координативно тело и конкретна адреса за спроведување.
Инаку барањата на ДУИ замаскирани во наводни студенски протести , излегуваат од рамката на Рамковниот договорот кој е целносно имплементиран, а правата на заедниците се дури и поголеми од она што е пропишано во докуметот стар 25 години.
