Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Станков: приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да можат роднините да ги подигнат телата

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да можат роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса.

„Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините“, нагласи Станков во изјава за МИА.