Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стаменкова: Сто дена посветени на воспоставување ред и систем во општина Македонска Каменица

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, по повод 100 дена од преземањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, по повод 100 дена од преземањето на функцијата информира дека изминатиот период бил насочен кон стабилизирање на институцијата, воспоставување правен ред и поставување јасни системски основи за понатамошен развој на општината.

– Сто дена не се мерат само во бројки, туку во поставени темели. Од првиот ден работиме на воспоставување правен ред и заштита на општината од идни правни и финансиски последици – наведува Стаменкова во објавата.

Таа посочува дека поради потребата од навремено креирање на буџетот, биле организирани буџетски форуми во сите осум села, во градот, како и со претставници на маргинализирани групи, бизнис-секторот, невладините организации и спортските здруженија, со цел утврдување на приоритетите за четиригодишната развојна програма.

Реклама

Во делот на младинските политики, најавено е формирање Младински совет во рамки на Општинскиот совет, како и подготовка на правилник за финансиска поддршка на оригинални бизнис-идеи на млади претприемачи. Мерките за поддршка на мали и средни претпријатија, според Стаменкова, ќе се реализираат во соработка со Рудник САСА и со надлежните институции, во насока на обезбедување сигурност во пострударскиот период.

Во рамки на социјалните мерки, исплатени се 3.000 денари за секое прваче и 20.000 денари за секој ученик запишан во прва година средно образование. Зголемен е надоместокот за новороденчиња – 30.000 денари за првородено дете во годината, 15.000 денари за секое новородено дете, како и дополнителни 50.000 денари за трето, четврто и секое следно дете. Доделени се 20 стипендии во вредност од по 30.000 денари, а во буџетот се предвидени средства за ученички униформи, поддршка на спортски и невладини здруженија и кофинансирање на услугата „Нега во сопствен дом“.

Во делот на инфраструктурата, Стаменкова информира дека биле затекнати повеќе нереализирани договори и проекти со нерешени имотно-правни прашања. Во тек се активности за нивна правна регулација и продолжување на реализацијата на локалните патишта во повеќе населени места, како и изградба на фекална канализација во село Тодоровци и завршување на фаза од водоводот во Моштица.

Паралелно се спроведуваат активности за генерално чистење на територијата на општината, чистење на канали и одводи, како и регулирање на Каменичка Река во соработка со надлежните институции.

Во областа на здравството и безбедноста, во соработка со Рудник САСА се обезбедени 20 милиони денари за реконструкција на здравствената станица во градот, а предвидена е и набавка на ново противпожарно возило и целосна опрема за територијалната противпожарна единица.

– Овие 100 дена не беа време на спектакл, туку време на ред, исправување и поставување систем. Ова се темелите врз кои ќе се гради иднината на општината – наведува Стаменкова.