Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Стаменкова: Се унапредува дуалното образование во Македонска Каменица

Во насока на унапредување на дуалното образование, денеска во Македонска Каменица се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на унапредување на дуалното образование, денеска во Македонска Каменица се одржа работна средба меѓу градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ и компанијата Рудник САСА.

На состанокот беа разгледани реализираните активности, беа разменети искуства, како и договорени идните чекори за понатамошно зајакнување на дуалното образование.

-Партнерствата меѓу образовните институции и стопанството се клучни за создавање квалитетен и стручен кадар, кој ќе има реални можности за вработување и останување во нашата општина. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на младите и нивната иднина“, изјави Стаменкова.

Реклама

Посебен акцент како што додаде беше ставен на практичната настава и подобрата подготовка на учениците за вклучување на пазарот на трудот, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.

Од Општина Македонска Каменица најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон поддршка на младите и инвестирање во нивната иднина.

Средбата се реализира во рамки на досегашната успешна соработка и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу образовната институција и стопанството.