Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата

Интегрален текст од прес-конференција на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска: „Демографската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од прес-конференција на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска:

„Демографската рецесија е факт, работиме на економските мерки, но потребна е целосна промена на сфаќањата.

Македонија се соочува со невидена демографска криза. Последната деценија, наталитетот опаѓа, морталитетот расте. Поедноставно кажано, Македонија тивко исчезнува.

Реклама

Во 2016 година сме имале 23.000 новородени. Во 2024 година само 16.737. Тоа се 9.000 помалку во една деценија. Тоа е исто како од мапата на државата да го снемало Валандово, Крушево, Богданци, Сопиште, Македонски брод, Зелениково или Дојран.

Тенденцијата повеќе од деценија е запрапастувачка, и потребни се итни чекори за промена.

И не да се седи на страна како СДСM, не знаејќи и не сакајќи да се реши проблемот, економијата опаѓаше, граѓаните живееја со 150 денари на ден, народот беше доведен до питачки стап, а иселувањето ниту се намали, ниту пак имаа решение за истото.

Единствено што решија и се залагаа, беше корупцијата, мешање во судството, тендери и договори во 4 очи, за ним блиски. СДСM се занимаваше само за своите лични и партиски интереси.

За да почнеме да го решаваме проблемот, потребно е пред се да бидеме свесни за него. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора јавма дебата, за да ја пробуди свеста и свесноста кај секоја една единка во државата.

Откако сите ќе станеме свесни, мораме да продолжиме да работиме на создавање на општествена свест.

А во текот на целиот тој процес Владата и општините треба да делуваат стимулативно низ разни закони, мерки и програми, за помагање и зголемување на наталитетот.

Првиот чекор е направен.