Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Стабилна состојбата во Старо Нагоричане, се чисти дрвната маса од Пчиња кај мостовите

Стабилна е состојбата во општина Старо Нагоричане по вчерашното излевање од коритото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилна е состојбата во општина Старо Нагоричане по вчерашното излевање од коритото на Пчиња кај Пелинце во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, информираа денеска надлежните. Расчистувањето продолжува и денеска соопшти градоначалникот на општината, Мирослав Славковски.

– Денеска се расчистуваше кај мостот кај Пелинце и Коинце. Немаме пријави за штети, изјави Славковски.

Директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Дарко Живковски, кажа дека е завршено расчистувањето со механизација кај мостот кај Коинце, а се продолжува кај мостот кај Пелинце подолу од меморијалниот центар.

Реклама

-Заеднички со претпријатија од Куманово и Старо Нагоричане спречивме поголемо излевање на реката Пчиња кај Пелнице, изјави Живковски.

Инаку, денеска нивото на Пчиња е 84 сантиметри што е двојно повисоко од просекот  за ноември кој изнесува 41 сантиметар.

Тој дополни дека претпријатието изминатиов период ги расчистувало и проширило коритата на критичните точки кај Клечовце, каде е исчистено коритото во должина од километар, исчистено е и кај селата Довезенце, Јачинце, реката во село Табановце, но и Липковка (од село Лопате до Бедиње) од и Којнарка каде ќе продолжи расчистувањето кон Средорек, а е почнато од Горно Којнаре.