Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ССНМ и ЗНМ со крводарителска акција за 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија на 29 април организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници.

-Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, но и поддржувачи и пријатели, да се вклучат и да помогнат во собирање на најскапоцената течност, се наведува во соопштението од ССНМ.

Главната крводарителската акција ќе се реализира на 29.04.2026 во периодот од 08:00 до 14:00 часот во просториите на дневниот центар на Црвениот крст на град Скопје (улица: 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, Македонија), а на истата локација во 10:00 часот ќе биде одржана и прес конференција на претставниците на ССНМ и ЗНМ, на Црвениот крст и на делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Реклама

Освен во Скопје новинарите и медиумските работници крв ќе даруваат и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип.