Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

ССМ најавува пеколна пролет, од 2 април стартуваат серија масовни протести

Масовни протести од наредната недела. Синдикатите се мобилизираат и најавуваат излегување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовни протести од наредната недела. Синдикатите се мобилизираат и најавуваат излегување на улиците на 2 април, 8 април и на традиционално на 1 мај. Причина за незадоволството е што во повеќе сектори нема прилагодување на примањата со растот на минималната плата.

„На 8 април ССМ организира протест од пред зградата на ССМ од пред работничкиот дом кој ќе заврши пред министерството за здравство. каде сите заедно сСМ и луѓето работниците кои ќе се придружат на овој протест ќе кажат дека не се задоволни од претстојното усогласување на нивните плати“, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов.

Протестот на 2 април ќе почне од пред зградата на ССМ а ќе заврши пред Врховниот суд. Од ССМ велат дека судиите мора да се одважат и час поскоро да им го вратат работничкиот дом кој им беше одземен со судска одлука.

Реклама

„И во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат пресудата, срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом од работниците и за доделување на државата. На државата не и треба уште една зграда и требаат работници и синдикат“, рече Трендафилов.

Од Сојузот на синдикати велат дека засега ниту една политичка партија не побарала средба со нив и дека овие протести се за работничките права и немаат никаква врска со претстојните избори.

Протесите се и предупредување за идната власт, која и да биде, да ги зема предвид барањата на работниците. Инсистираат да се врати хранарината, превозот за работниците и да се извадат од бруто платата.

Инаку од ССМ подолг период бараат усогласување на платите со мнималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование земаат иста плата.

Љубиша Владимиров