Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ССКМ: Поддршка за „Макам-транс“ и македонскиот транспортен сектор

Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) соопшти дека ги поддржува Асоцијацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) соопшти дека ги поддржува Асоцијацијата „Макам-транс“ и македонскиот транспортен сектор во насока на наоѓање решение за престојот на превозниците во шенген-зоната. 

– ССКМ, во која членуваат голем број мали и средни компании, директно поврзани со синџирот на транспорт и стоки, кој се одвива во земјата и надвор од неа, сериозно е загрижен за можните нарушувања што ќе доведат до неконкурентна положба на македонскиот бизнис-сектор – соопшти ССКМ.

Комората наведува дека стравува оти со продлабочување и пролонгирање на создадените проблеми во транспортниот сектор, во делот на камионскиот транспорт и зависноста на македонските компании и странски инвестиции од 96 проценти, се создава можност за дополнителни фискални инпликации и намалување на нивната конкурентност на европскиот пазар на среден и долг рок.

Реклама

Стопанската комора на Северна Македонија најави дека бизнис-секторот ќе ја продолжи битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во шенген-зоната. 

 – Ако некој го ограничува движењето на луѓето и стоките, тогаш го прави најголемото злосторство што може да постои, да те затвори самиот во себе, каде што не можеш да просперираш и да видиш, да се споредеш со другите – изјави вчера претседателот Бранко Азески истакнувајќи дека треба да се отворат сите порти и оти редиците камиони на граничните премини ги има само на Балканот, и тоа во должина по три-четири километри.

Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на што поголем заеднички ангажман од сите во оваа насока. 

Целта е да се обезбеди непречено вршење на дејноста превоз во патниот сообраќај, со целосно почитување на меѓународните и европските правни стандарди и без дискриминација на професионалните возачи од нашата држава. 

Според Министерството за транспорт, дијалогот со Европската комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската комисија. – Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение, кое е прифатливо за сите страни. Како Министерство, апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации, кои може да му наштетат на дијалогот, особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение – соопшти Министерството за транспорт.

По состанокот од минатата недела (11 февруари) на работната група на претставниците од шесте држави од Западен Балкан со тие од шенген-зоната, нов состанок според најавите треба да се одржи на 23 февруари.