Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Средношколски дијалог со претседателката Сиљановска-Давкова

Шеесетина средношколци учествуваа во дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеесетина средношколци учествуваа во дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, кој се одржа во претседателскиот Кабинет во организација на Советот за млади, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Предмет на дебатата беа тешки прашања: безбедноста на младите во небезбеден свет; медиумската писменост во амбиент на информативна хиперпродукција; притисокот да се биде успешен во не секогаш рамноправен натпревар, како и односот на младите кон пушењето и марихуаната и развивањето свест и отпорност кон зависноста.

Младите соговорници изразија аргументирани ставови за причините за стравот, насилството и несигурноста, начинот на справувањето со нив, како и можните излезни решенија за нивно редуцирање и надминување.

Реклама

Претседателката ги спореди состојбите од нејзината средношколска младост со актуелните, заклучувајќи дека младешкиот живот на нејзината генерација бил далеку побезбеден и помирен од сегашниот.

Во однос на прашањето за медиумската писменост, младите укажаа на недоволната писменост кај поголем дел од постарите генерации, од една страна, но и реалната неможност да се разграничат релевантните од нерелевантните информации, како и вистината од невистината, од друга страна, во време на видеократија, информативна поплава и хаос.

Речиси сите, без оглед на индивидуалните специфики на гледањата, укажаа на потребата од креирање механизми за критичка евалуација на прочитаното, виденото и чуеното, како и мудро и внимателно користење на вештачката интелигенција, со оглед на нејзините две лица: лицето на корисна алатка, но и заканата по човековата мисла.

Претседателката укажа на презаситеноста на медиумскиот простор со политика и недозволиво отсуство на информации од областа на науката, културата, образованието и спортот.

Младите мислители умно и отворено говореа за тешкиот притисок да се биде успешен според не секогаш кредибилни стандарди, но и непотистички, партиски и политички влијанија во евалуацијата.

Во низата индивидуални видувања за цигарите и марихуаната, се чини како да се исфилтрира заеднички став дека забраните и санкциите не секогаш се добро решение, како и дека од најраните школски денови треба да се гради свест за можните последици од зависностите.

Најважното за сите е дека наместо држење лекции за иднината што ќе им припаѓа на младите, тие мора да се вклучат во креирањето политики и одлучувањето за сегашноста.