Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Средношколец од Прилеп осомничен за „компјутерски фалсификат”  лажно се претставувал дека е наставник по англиски јазик 

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. 

МВР појаснува дека пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници. На тој начин пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник.

– Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН, се вели во соопштението.