Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Средношколци од Нови Сад во посета на Општина Маврово и Ростуше

Општина Маврово и Ростуше денеска беше домаќин на група ученици од гимназијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше денеска беше домаќин на група ученици од гимназијата „Живорад Јанковиќ“ од Нови Сад, Република Србија, во рамки на  проект за пријателство, солидарност и меѓународна соработка. 
 
– Градоначалникот Онер Јакупоски им посака топло добредојде на гостите, кои во рамките на заеднички проект престојуваат во нашиот регион другарувајќи  со своите врсници од СОУ „Маврово – Ростуше“, информираа од секторот за односи со јавноста. 
 
Додаваат дека престојот на младите од Нови Сад е дел од иницијативата за промоција на пријателството и солидарноста, каде преку директна дружба тие разменуваат искуства и ги зајакнуваат меѓусебните врски. беше домаќин на група ученици од гимназијата „Живорад Јанковиќ“ од Нови Сад, Република Србија, во рамки на  проект за пријателство, солидарност и меѓународна соработка. 

– Градоначалникот Онер Јакупоски им посака топло добредојде на гостите, кои во рамките на заеднички проект престојуваат во нашиот регион другарувајќи  со своите врсници од СОУ „Маврово – Ростуше“, информираа од секторот за односи со јавноста. 
 
Додаваат дека престојот на младите од Нови Сад е дел од иницијативата за промоција на пријателството и солидарноста, каде преку директна дружба тие разменуваат искуства и ги зајакнуваат меѓусебните врски.  
 

За време на приемот, градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски ги запозна гостите со начинот на функционирање на локалната самоуправа и административната структура на општината, како и со природните богатства и културно историски споменици со кои располага овој крај. 
 
Посебен акцент беше ставен на природните реткости и убавини на нашиот крај. Градоначалникот ги поттикна учениците да ја истражат Општина Маврово и Ростуше, потенцирајќи дека ваквите предели се инспирација за секој млад човек кој ја негува љубовта кон природата. 
 
„Ви посакувам да понесете најубави спомени од нашиот крај и ова пријателство со вашите домаќини од Ростуше да трае со години. Општината секогаш ќе поддржува проекти кои ги зближуваат младите од регионот” порача градоначалникот Јакупоски. 

Реклама


 Покрај другите активности беше одржана работилница насловена “Архитекти на пријателството: Градиме мост од Радика до Дунав”, цртање мурал насловен”Peace colors the world” а младите посетија два историско- верски објекти џамија и познатиот Бигорски манастир.