Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Свет

Среде пандемија САД соочени со проблеми со заштитните средства

Американската индустрија се соочува со сериозен недостаток на одредени сировини кои до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската индустрија се соочува со сериозен недостаток на одредени сировини кои до сега доаѓаа целосно од увоз, пред се од Кина. Белата куќа започнува длабинска анализа која треба да помогне да се надмине ваквата состојба.

Пред да го зголемат производството на почетокот на пандемијата Соединетите Држави имаа недостаток од заштитна опрема, како маски и ракавици.

Сега, американските производители на автомобили не можат да набават компјутерски чипови па некои од погоните целосно запреа.

Реклама

Ова се дел од сериозните предизвици кои претседателот Џо Бајден сака да ги надмине. Тој потпиша извршна наредба за 100 дневна федерална ревизија на глобалните синџири на снабдување и потенцијалите за ранливост на САД во клучните индустрии.

„Овие ревизии ќе идентификуваат политички препораки за зацврстување на нашите синџири на снабдување на секој чекор. Клучно е да почнеме да ги имплементираме овие препораки веднаш“, вели претседателот на САД, Џо Бајден.

Наредбата на Џо Бајден исто така предвидува годишни ревизии на одбранбениот, здравствениот, транспортниот, енергетскиот, ИТ и прехранбениот сектор. Се очекува препораките да им помогнат на компаниите во идните инвестиции, за да бидат поиздржливи во кризни времиња.

„Клучно е, особено при драматични и брзи промени, да можете добро да предвидувате и да размислувате холистички. Мора да го имате предвид целиот животен циклус на операцијата“, вели Скот Милер, Центар за стратешки и меѓународни студии.

Извршната наредба не споменува ниту една земја, но САД се особено зависни од Кина во многу клучни индустрии, како и во набавката на ретки метали кои се потребни за производство на речиси се – од бела техника до воена опрема.

„Тоа не е добра позиција. Мислам дека нашето фокусирање само на Кина е навистина кусогледо и мислам дека оваа мерка ќе анализира длабински во однос на американската производствена економија. Не е само Кина“, рече Нада Сандерс, Североисточен Универзитет.

Администрацијата на Доналд Трамп се обиде да ги зацврсти синџирите за снабдување во најголем дел преку даночни олеснувања, преку охрабрување на американските компании да произведуваат дома, но и преку увозни давачки.

Стратегијата на Џо Бајден по се изгледа е поинаква.

„Ова нема за цел Америка да оди сама. Одговорот на овие слабости не секогаш значи дека треба да го зголемиме домашното производство“, рече Самера Фазили, Економски совет на Белата куќа.

Соединетите Држави мора да бидат внимателни, од една страна да не ги налутат сојузниците, пред се Канада и Европската Унија, со евентуални мерки за префрлање на производството на домашен терен, а од друга страна да обезбедат независно и непречено снабдување со репроматеријали.

Глобалните синџири на снабдување беа пореметени со почетокот на пандемијата и затворањето на економиите. Една година подоцна проблемите остануваат.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.