Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Средба Тошковски – Поклукар: Словенија ја дава поддршката на македонското МВР и во искуство и во знаење

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар.

На средбата фокусот беше ставен на унапредување на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателски врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, внатрешната контрола и соработката помеѓу центрите за обука на полициските службеници.

Словенечкиот министер за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, го потенцираше огромното пријателство и соработка меѓу нашите народи и држави, кое се пренесува и на министерствата за внатрешни работи, и истакна дека и во иднина Македонија може да смета на нивната целосна поддршка – како во искуство и знаење, така и во конкретни проекти и ситуации – со цел придонес кон поголема безбедност на регионот, нашите држави и нашиот народ.