Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Средба Сали – Зомер, разговарано за евроинтеграциите и спроведувањето на реформите поврзани со европската агенда

Министерот за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, на која, како што информираат биле, разгледани процесот на европска интеграција на Македонија и спроведувањето на реформите поврзани со европската агенда, како и приоритетите на Министерството за европски прашања во наредниот период.

Сали, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека ЕУ интеграцијата и поврзаните реформи ќе бидат негов приоритет, со цел зајакнување на координациската улога на министерството, унапредување на преговарачките структури и операционализација на механизмите за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст.

Соговорниците се осврнале и на активностите за финализирање на патоказите во областа на владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на значењето од подобрување на апсорпцијата на ЕУ фондовите и зајакнување на ИПА структурата.

Реклама

Сали, исто така, изразил благодарност за континуираната поддршка од Швајцарија за Македонија, оценувајќи ја билатералната соработка и придонесот на швајцарските програми во области како демократско владеење, учество на граѓаните, локален и рамномерен регионален развој, родова еднаквост и прашања поврзани со водите. Во тој контекст, било нагласено дека Швајцарската програма за соработка за Македонија 2025–2028 е усогласена со реформските процеси на Владата и целите на европската интеграција, со вкупна вредност од околу 56 милиони швајцарски франци.

На средбата, Сали и Зомер ја потврдиле подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и координацијата во поддршка на реформите, институционалното зајакнување и напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија.