Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Средба Сали-Купман: Разговарано и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа на дигитализацијата, како и клучните реформи во рамки на процесот на европска интеграција, беа во фокусот на средбата на првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали со генералниот директор за проширување на ЕУ Герт Јан Купман во Брисел.

Како што соопшти МЕП, на средбата биле посочени конкретните придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, вклучително и пристапувањето кон Единствената европска платежна област (SEPA), како и унапредувањето на дигиталните иницијативи, меѓу кои и проектот WiFi4WB.

-Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази, како и за актуелните предизвици поврзани со Системот за влез/излез и трговските политики на Европската Унија, стои во соопштението на Министерството.

Реклама

Како што додаваат оттаму, во овој контекст била нагласена важноста на континуираната соработка и ефективната меѓуинституционална координација за успешно остварување на заедничките цели.