Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Средба Сали – Бегај: Продлабочување на институционалната соработка

Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која е дискутирано за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.

За време на средбата, како што информираат од кабинетот на министерот за европски прашања, двајцата соговорници размениле мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Сали истакнал дека Албанците во Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.

Реклама

На средбата било нагласено дека Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.