Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Средба под тензии – Муцунски и Петрова Чамова на иста маса во Шведска

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова на заедничка средба во Шведска. Попладнево двајцата шефови на дипломатиите треба да седнат на заедничка маса на маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг.

Средбата доаѓа на иницијатива на Муцунски кој минатата недела информираше дека испратил покана,  за како што рече да се одржи дијалогот со Бугарија, без разлика на спротивставените ставови за македонската евроинтеграција.

Состанокот го потврдија и од бугарска страна.Тамошните медиуми вчера ја пренесоа изјавата на Петрова Чамова пред пратениците дека Бугарија нема да дозволи повторно преговарање на веќе усвоената европска рамка за земјава.

Реклама

„Обидите на Македонија да го оспори статусот на Протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се во спротивност со постигнатиот европски консензус, бидејќи Протоколот е дел од него. Министерството за надворешни работи е доследно во своите активности за спротивставување на овие обиди“ – Велислава Петрова-Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија.

Ова е прва средба откако Македонија му упати устен демарш на амбасадорот на Бугарија, Жељазко Радуков откако пред една седмица во Брисел Чамова Петрова ја употреби формулацијата „северномакедонски“. Таа рече дека му порачала на   Муцунски дека мора да ги внесе Бугарите во Уставот. Потенцираше дека бугарското МНР преку мрежата на мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување или заобиколување на преземените обврски.

Пред стартот на Самитот на министрите за надворешни работи, Муцунски рече дека ќе инсистира меѓу бројните теми за дискусија да се вметне и прашањето за Западниот Балкан и безбедносните ризици што постојат во овој регион.

„Секако ситуацијата на Блискиот Исток неизбежно ќе се појави и ќе инсистирам да разговараме за Западен Балкан, област во Европа во која има сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и кадешто се уште постојат безбедносни ризици. НАТО е сојуз кој станува се посилен и посилен благодарение на нашата посветеност на 5% трошење за одбрана и во таа смисла мислам дека денес ќе имаме можност да дискутираме за многу од предизвиците кои ги има Алијансата, но и за можностите пред неа“ рече Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за трошоците за одбрана, развојот на одбранбената индустрија и континуираната поддршка за Украина. Шефот на македоската дипломатијата порача дека НАТО треба да продолжи да ги зајакнува инвестициите во одбраната.