Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска остварил средба со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и со потпретседателот Абдуш Демири, на која се разговарало за Предлог-измените на Изборниот законик.

Како што соопшти Кабинетот на министерот за европски прашања, на средбата било истакнато дека овие измени, доставени од ДИК до Собранието и Министерството за правда, се од особено значење за унапредување на реформската агенда и спроведувањето на изборните реформи.
Соговорниците се осврнале и на последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, кој позитивно го оценува организирањето на Локалните избори 2025 година, нотирајќи напредок во демократските процеси.

Владата, како што се нагласува во соопштението, останува посветена на реализацијата на реформите согласно предвидената динамика, со цел зајакнување на демократските стандарди и обезбедување слободни и фер изборни процеси.
