Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Средба на Собраниската делегација во ПС на Медитеранот со претседателот на организацијата, Џулио Чентемеро

Во рамките на Парламентарниот форум на жените на Парламентарното Собрание на Медитеранот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на Парламентарниот форум на жените на Парламентарното Собрание на Медитеранот (ПСМ), што на 26 – 27 јануари 2026 г. се одржува во Абу Даби, ОАЕ, Делегацијата на Собранието на Македонија составена од пратениците Сали Мурати, шеф на делегација; Јована Тренчевска и Дафина Стојаноска, членови, имаше средба со претседателот на ПСМ, Џулио Чентемеро, се вели во соопштението од собраниската прес-служба кое МИА го објавува интегрално. 

Пратеникот Мурати изрази благодарност до претседателот Чентемеро и до ПСМ за напорите на оваа организација за промоција на дијалогот, соработката и толеранцијата не само меѓу членките на оваа организација, туку и во регионот на Западен Балкан и пошироко. 

Тој истакна дека нашата држава ги дели и ги поддржува вредностите кои се засноваат на принципите на дијалог и соработка, како предуслов за напредок на секоја држава и на секој регион. Пратеникот Мурати побара поддршка од ПСМ за евроинтеграцискиот процес на Македонија и изрази надеж дека преку соработка, дијалог и позитивен пристап ќе ги надминеме пречките со кои се соочуваме на нашиот интегративен пат. 

Реклама

Претседателот Чентемеро истакна дека ПС на Медитеранот преку различни форми, фокус групи и трибини на различни прашања, вклучително и безбедносни работи на надминување на предизвиците со кои се соочуваат државите членки. Тој информираше дека ПСМ работи на формирање форум за млади кој ќе ги обедини младинските здруженија на членките на ПСМ со цел да ја промовираат меѓусебната соработка, но и заеднички да работат на отворените прашања со кои се соочуваат младите од земјите во регионот. 

Пратеничката Тренческа ја поздрави оваа идеја и истакна дека има многу прашања во врска со младите кои можат да се опфатат низ заеднички процеси, меѓу кои и преку Форумот на млади. 

Пратеничката Стојаноска оцени дека ова е добра можност да бидат вклучени и младите пратеници од нашето Собрание, кои заедно со пратениците и младите од регионот можат да работат на јакнење на лидерската улога на младите и нивно активно  во креирањето на политиките и на промените. 

Соговорниците се согласија во наредниот период да ја интензивираат комуникацијата преку сите можни форми на соработка, бидејќи само преку дијалог, промоција на заедничките демократски вредности за соработка и толеранција може да се надминат сите отворени прашања и да се обезбеди стабилност и развој.