Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше средба со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше средба со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, соговорниците изразија загриженост заради алармантниот пад на бројот на македонско малцинство, од речиси 26 илјади во 2002-та година, на помалку од 15 илјади во 2022-ра година, како и намалувањето на говорителите на македонскиот јазик, од повеќе од 14 илјади на само 8375, во истиот период.

Според претставниците на Советот, со сличен демографски проблем, се соочуваат и другите малцинства, како последица на: засилената емиграција, намалениот наталитет и демографското стареење.

Реклама

Тие ја информираа претседателката за донесувањето на новата Стратегија на Македонскиот национален совет 2026-2030, во којашто акцентот е ставен на образованието на македонски јазик и го поздравија донесувањето на владината Стратегија за дијаспората 2026-2030.

За претседателката, преку учењето, говорот и творењето на мајчин македонски јазик, не се пренесува само знаењето, туку се развива чувството на национална припадност и самосвест.

Истовремено, претседателката Сиљановска-Давкова ја поздравила одлуката на покраинската влада на Војводина за издвојување средства за работата на Македонскиот национален совет.

Според претседателката, Македонците во Србија придонесуваат за добрите односи меѓу двете држави. Таа изразила поддршка на Свечена академија по повод 80-годишнината од организираното доселување на Македонците во Република Србија, како и откривањето на скулптурата „Мајка Македонија“ од македонскиот реномиран вајар Синиша Новески, во Нови Сад.