Реклама

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на СОС Детско село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата.

Како што информираат од Кабинетот на македонската претседателка, таа упатила честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети.

Соговорниците ја запознале претседателката со досегашните резултати од работата, со тековните програми и активности, како и со предизвиците во обезбедувањето поддршка на децата без родителска грижа, младите и семејствата во социјален ризик.

Реклама

Според нив, особено важна е психосоцијалната поддршка на младите по напуштањето на системот за згрижување, при развивањето животни и професионални вештини, продолжување на образованието, вработувањето и домувањето.

Претседателката оценила дека во изминатите 25 години СОС Детско село со својата работа претставува пример за посветеност, хуманост и професионален пристап во грижата за децата во ризик.

За неа, организацијата има особен придонес во промоцијата на семејните вредности преку креирање семеен модел на алтернативна грижа.

За продолжување на оваа значајна мисија, таа смета дека е потребно партнерство меѓу институциите и граѓанскиот сектор, со цел креирање на одржливи решенија за долгорочна грижа и поддршка на децата и младите.

На крајот, претседателката нагласила дека со заедничка соработка и поддршка може да се обезбеди секое дете да расте во семејство опкружено со љубов, почит и чувство на сигурност.