Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство.

Претседателката се заблагодарила за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство и инфраструктура.

– За неа, особено важна е помошта во здравствениот сектор, особено инвестицијата во современа медицинска опрема за Клиниката за радиотерапија и онкологија, што придонесува за унапредување на јавното здравје, како и минатогодишната донација за Хидробиолошкиот институт во Охрид – се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката. 

Реклама

Сиљановска-Давкова ја истакна важната улога на турската заедница во македонското општество, чии идентитетски права се не само уставно загарантирани, туку во голем степен и реализирани. Обајцата се согласија дека постои спремност за надминување на проблемите врзани за образованието на мајчин јазик на Турците. Според Претседателката, тие не се резултат на системска политика, туку на слабости на локално ниво, се посочува во соопштението. 

Соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување и проширување на македонско-турската соработка преку нови конкретни проекти со ТИКА.