Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство. 

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со спецификите на активноста, со развојот на клубот и со нивните досегашни подводни истражувања, презентирајќи дел од својата импресивна видео-архива. Ја истакнаа плодната меѓународна соработка со врвни нуркачи и експерти, како значаен предуслов за постигнување значајни резултати. Особено внимание беше посветено на неодамнешната експедиција во пештерата Врело, каде полскиот нуркач Бартломиеј Питала ја доистражи до рекордни 287 метри, со што ова природно богатство се вбројува меѓу најдлабоките подводни пештери истражени од човек, не само во Европа, туку и на светско ниво.

Соговорниците се согласија дека Врело е едно од најуникатните природни богатства, а Сиљановска-Давкова укажа на потребата од негова соодветна заштита и промоција како ретка туристичка атракција.

Реклама

Во разговорот беа отворени прашања поврзани со претстојните експедиции, при што спелеонуркачите посочија на предизвиците со кои се соочуваат, особено во однос на техничките претпоставки, сложената организација и потребата од континуирана институционална и финансиска поддршка.

Претседателката изрази восхит од нивната љубопитност, храброст и посветеност, оценувајќи дека тие не се само истражувачи на непознатите длабочини, туку и луѓе кои ги поместуваат границите на човечките можности. Според неа, ваквите успешни приказни заслужуваат поголемо внимание, афирмација и поддршка, како пример за истрајност, висока стручност и одговорен однос кон македонските бесценети природни богатства.