Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Средба на пратеникот Сергеј Попов со студенти и млади истражувачи од регионот

Во Собранието денеска се одржа средба на пратеникот Сергеј Попов и учесници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржа средба на пратеникот Сергеј Попов и учесници во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи. На средбата присуствувале студенти и млади истражувачи од нашата земја и од соседните држави, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на законодавниот дом.

Пратеникот Попов ги запознал присутните со функционирањето на Собранието, со посебен осврт на прашањата поврзани со младите и нивната улога во креирањето на јавните политики. Тој ја истакнал важноста од активно вклучување на младите во демократските процеси и носењето одлуки што директно ги засегаат.

Средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, продолжила со отворена дискусија, при што студентите споделиле свои размислувања и предлози за повеќе прашања што се однесуваат на младите.

Реклама

Меѓу темите што биле разгледани се иселувањето на младите поради подобри услови за живеење, Законот за младинското учество и младинските политики и можните измени и реформи во неговата примена, функционирањето на младинските совети во општините, степенот на вклученост на младите во креирањето на законите што ги засегаат, како и предизвиците со кои се соочуваат младите при вработување, без претходно работно искуство. Воедно, на средбата е разговарано и за можностите и политиките за поттикнување на враќањето на младите од странство.

На крајот од средбата биле сумирани главните заклучоци, при што било истакната потребата од континуиран дијалог меѓу институциите и младите, како и важноста од создавање услови што ќе овозможат поголема вклученост на младите во општествените процеси и носењето одлуки.