Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на Холандија

Во рамки на работната посета на Хаг, министерот за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на работната посета на Хаг, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспер Велдкамп.

Фокусот на разговорот беше ставен на унапредувањето на билатералните односи, поддршката од Холандија за европската интеграција на државата, како и на актуелните регионални и глобални предизвици. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана холандска поддршка, како и за значајниот придонес на Холандија како еден од најголемите билатерални донатори во клучни области за земјата.

Министерот ја нагласи цврстата посветеност на Владата кон остварување на реформските приоритети и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Истакната беше и важноста од сојузништвото во НАТО, при што двете страни се согласија за стратешкото значење на стабилноста на Западен Балкан, како и за пораките испратени на неодамнешниот Самит на Алијансата во Хаг. Во таа насока, беше потенциран и значајниот инпут на нашата држава во стабилноста во регионот и пошироко, со посебен акцент на миграциската криза.

Реклама

Во разговорите беше потврдена заедничката заложба за натамошно зајакнување на економските и трговските врски, што беше дополнително реафирмирано и на средбата на министерот Муцунски со холандската бизнис заедница, во рамките на посетата на Холандската агенција за претпријатија.

Министерот Велдкамп го нагласи силното пријателство помеѓу двете земји, посветеноста на европските реформи и изрази желба што поскоро да ја види Македонија како дел од европското семејство. Тој истакна дека Холандија останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, нагласувајќи го принципот на напредок врз основа на конкретни резултати, на што земјата макотрпно работи.

Во рамки на работната посета на Хаг, министерот Муцунски, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во Холандската агенција за претпријатија ги презентираа инвестициските можности што ги нуди нашата земја во функција на привлекување нови холандски инвестиции.